петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsХумана акција за настраданите од земјотресот: Обезбедена бесплатна храна за ифтар за...
spot_img

Хумана акција за настраданите од земјотресот: Обезбедена бесплатна храна за ифтар за околу 60 турски студенти во Штип

Околу 60 турски студенти кои студираат во Штип ќе добиваат бесплатна храна за ифтар. Ваквата организација доаѓа со цел помош на оние чии родители во Турција се соочуваат со проблеми по стравотниот земјотрес кој ја зафати земјата. Помошта доаѓа за уште толку верници од исламска вероисповед, штипјани кој овој месец ќе ги постат рамазанските пости.

„Имаме околу 60 студенти од Турција, во земјотресот што изгубија буквално сѐ, родителите не можат да им праќаат ништо. Ние им помагаме овде, а родителите нивни живеат во шатори во Турција. Сега ние како им помагаме? Ги повикуваме овде, тие се запишани со име и презиме и ќе дојдат овде вечерва, ќе може овде да вечераат без пари затоа што постат. Ќе им припремиме и мало пакетче со сахур за да може изутрина да јадат“, Џевџет Зејнелов, одговорен за организацијата.

Храната е потпомогната од муфтиството, од каде сѐ уште испраќаат помош и за настраданите во Турција. Зејнелов вели дека помош испраќаат и штипјани кои живеат во странство и тој апелира на дополнителна помош со цел да се обезбеди храна за сите оние кои се во тешка финансиска состојба.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ