четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонија„Фридом Хаус“ ја потврди бедотијата: Македонија останува хибриден режим!
spot_img

„Фридом Хаус“ ја потврди бедотијата: Македонија останува хибриден режим!

Невладината организација Фридом Хаус објави извештај за состојбата со демократијата во 29 земји во транзиција насловен „Земји во транзиција – од слабеење на демократијата до авторитарна агресија“.

Во време на социјална бедотија и борба за „гол“ живот, Македонија и понатаму останува земја во која доминира хибридниот режим. 

– Оваа година, за првпат во 21. век, форма на управување што преовладува во регионот на нации во транзиција е хибриден режим. Четири демократии паднаа во оваа сива зона откако непрекинатиот период на демократски пад започна во 2004 година: Унгарија, Црна Гора, Македонија и Србија. Во истиот период три авторитарни режими направија демократски чекори и се приклучија во редот на хибридни режими: Молдавија, Косово и сега Ерменија, се вели во извештајот, пренесува Гласот на Америка.

Според Фридом Хаус, овие режими можат да бидат демократски во минимална смисла, односно да имаат редовни, конкурентни избори, но нивните нефункционални институции „не се во состојба да ги испорачаат дефинитивните компоненти на либералната демократија: проверка и баланс, владеење на правото и цврста заштита на правата и слободите на сите.

Како што јави Гласот на Америка, на скалата од еден до седум, каде еден е најниско ниво на демократски прогрес, а седум највисоко, Република Македонија е рангирана со оценка од 3,5 за демократско владеење, 4,25 за изборен процес, 5,25 за граѓанско општество, 3, 25 за независни медиуми, 3,25 за независно судство, додека 3,00 за корупција. Генералната оценка за демократски прогрес изнесува 3,82 или 47 проценти.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ