На 27.05.2023 во 09.52 часот Г.М.(40) од Скопје пријавил дека на спортскиот стадион “Петар Милошевски“ во Скопје, каде бил фудбалски судија на фудбалски натпревар од детска лига помеѓу екипи од Штип и од Тетово, по завршување на натпреварот бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.