петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsУтре стартува најстарата манифестација од областа на културата - „Штипско културно лето“
spot_img

Утре стартува најстарата манифестација од областа на културата – „Штипско културно лето“

Со концерт на хорот „Светa Злата Мегленска“ во доворот на црквата „Успение на пресвета Богородица“ во штипско Ново Село, од утре стартува најстарата манифестација од областа на културата, Штипско културно лето или ШКЛ. Годинава организаторите повторно се одлучија за меѓународен, а не за локален концепт.

  • ШКЛ од секогаш имал интернационален карактер. Оваа година ни гостуваат уметници од САД. И годинава го поддржуваме музичкиот хепенинг на туристичкиот локалитет „Вртешка“ во организација на ПД „Лисец“, преку концертот на Некст тајм, а манифестацијата ќе трае 2 дена, вклучувајќи повеќе настани-изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Ќе има богата програма и за љубителите на операта и сериозната музика, ликовните изложби, а ќе биде промовирана и монографијата на култната музичка група „Мизар“.

  • Летото ќе се затвори со презентација на краткометражни етнолошки филмови во организација на Завод и Музеј – Штип- додаде Јорданов

Општината која 16 години по ред е покровител, за годинава од буџетот за ШКЛ издвои половина милион денари. Досега, во своето скоро 4 децениско постење, на Штипско културно лето продефилирале над 1500 уметници од земјата и странство.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ