четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsУтре второ прскање против комарци во Штип
spot_img

Утре второ прскање против комарци во Штип

Утре ќе се спроведе втората тереистичка дезинсекција на комарци на територија на општина Штип. Прскањето е закажано за утре, среда (18 мај), во периодот од 01 до 07 часот наутро.

Општина Штип уништувањето на комарците ќе го спроведе преку овластена фирма, со УЛВ апаратура за ладно запрашување. Ќе бидат опфатени зелените подрачја, подрачјата по теченијата на реките Брегалница и Отиња, застојни води и подрачја околу каналниот систем, урбаните населби и локалитети.

Во случај на неповолни услови (ветер, дожд и др.) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. Воедно, се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ