петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsУрбанизација и модернизација каква што личи за 21 век: Почна асфалтирањето на...
spot_img

Урбанизација и модернизација каква што личи за 21 век: Почна асфалтирањето на улиците во населба Чардаклија (ФОТО)

Започна асфалтирањето на неколку улици во нас. Чардаклија. Станува збор за прокет вреден околу еден милион денари, пари издвоени од буџетот на Општина Штип.

Ваквите активности значат подобра патна инфраструктура, но воедно и придонес кон урбанизација и модернизација на сите наслеби во Штипско.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, потенцираше дека Општината ќе продолжи да работи во служба на граѓаните.

„Се надевам дека во текот на оваа и почетокот на следната година ќе бидат реализирани сите почнати прокети. Нема да застанеме овде, со ваков интензитет ќе продолжиме во секое маало и во секоја населба на Штип“, изјави Јорданов.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ