среда, април 24, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsУниверзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и швајцарскиот Универзитет на Луцерн организираа настан...
spot_img

Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и швајцарскиот Универзитет на Луцерн организираа настан за поддршка на македонските компании

Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) од Штип и швајцарскиот Универзитет на Луцерн (ХСЛУ), денеска на УГД ќе организираат настан за поддршка на стартапи, мали и средни претпријатија – „Tailored Booster Week for Startups and SMEs”.

Настанот ќе се одржи на Правниот факултет на УГД, а се организира по повеќемесечна менторска програма која за македонски компании ја реализираа експерти од Швајцарија.

– Како резултат на соработката со Универзитетот во Луцерн, девет македонски стартап-компании од Штип и регионот, низ процес на селекција добија бесплатна можност за менторска поддршка од професори и магистранди од Швајцарија, за доразвивање на нивните бизнис-идеи, изработка на бизнис-планови и подобрување на иновативноста на нивните производи, соопшти Универзитетот од Штип.

Најавени се поздравни обраќања на ректорот на штипскиот Универзитет, Дејан Мираковски, амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман, и градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ