вторник, април 23, 2024
spot_img
ПочетнаСветУкраинец во солзи се разделува од ќеркичката за да замине на фронт,...
spot_img

Украинец во солзи се разделува од ќеркичката за да замине на фронт, снимка што го потресе светот

На Твитер од попладнево се шири шокантна снимка на која Украинец се збогува со ќеркичката и сопругата како заминуваат со автобус на безбедно.

Неименуваниот Украинец плаче додека ја гушка ќерка си и и ја мести капата, а плаче и девојчето кое се разделува од својот татко. Потресната сцена на влезот во автобусот ја снимил некој со мобилен телефон, а потоа стигнала и до Твитер, а ја објави Индипендент.

Илјадници луѓе го споделуваат тажното видео од таткото и ќерката, кои се збогуваат на Твитер, а досега е прегледано десетици милиони пати.

„Еве зошто оваа војна мора да престане“, „Не можам да замислам потешка ситуација во животот“, „Не можам да верувам дека сме сведоци на ова“, се само дел од коментарите. Засега не е познато каде е направена снимката и кои се таткото и ќерката.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ