четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаТрагедијата што ја потресе Македонија: Прашавте ли зошто дете излезе од вашите...
spot_img

Трагедијата што ја потресе Македонија: Прашавте ли зошто дете излезе од вашите врати и отиде да скокне од катна гаража?!

Во јавноста и пред се на социјалната мрежа Фејсбук се разви широка дебата за самоубиството на ученикот од Корчагин, наводно откко ги зел оценките за завшената мината школска година.

Таа информација ја објавија повеќе медиуми во земјава.

Ова следуваше откако веста ја објави професорката од Институтот за физика Мимоза Ристова на социјалните мрежи. Според професорката, ученикот ги земал оценките и си пресудил.

-Да се организира обука за професорите за да се научат како да се однесуваат со адолесцентите кај кои депресиите се покачени за огромен процент поради Ковид-пандемијата, се вели меѓу другото во објавата на Ристова.

Професорката во коментари под нејзината објава додава дека погребот се одржал денес и дека „точно кажал зошто се самоубил со времето на самубиството, непосредно по земање на свидителството“.

Но, на оваа информација најостро реагираше Советот за етика во медиумите на Македонија, за, како што велат, невнимателното и неетичко известување на медиумите околу самоубиство на ученик во скопската гимназија Корчагин.

СЕММ ги потсети своите членки и сите медиуми на професионалните препораки кои строго дефинираат кога и како смее да се известува за вакви трагедии.

Објавата од СЕММ е единствената официјална реакција засега за овој настан.

Од МВР засега нема потврда или демант на оваа информација, но и официјално правило на Полицијата е да не известува за самоубиства.

Нема објава ниту од училиштето, а ништо на таа тема не може да се најде ниту на нивната веб страница.

Извесен Славиша Џ. кој на социјалните мрежи се претстави како член на фамилија, вчера под постот на професорката Ристова побара случајот да не се политизира, пренесувајќи молба од мајката на несреќното дете. Во пост кој може да се најде на неговиот профил од 1-ви септември, тој го прозва училиштето и притоа означи повеќе медиуми, пред случајот да го објави професорката Ристова.

– СУГС Раде Јовчевски – Корчагин дали денес негде спомнавте дека синоќа ваш ученик излезе од вашето школо и отиде си го одзема сопствениот живот? Дали и кажавте на Danela Arsovska додека си славевте денес прв ден, додека си се сликавте така насмеани и среќни, што се случило синоќа? Дали СУГС Гимназија ,,Раде Јовчевски-Корчагин” ја контактиравте воопшто фамилијата да изразите сочувство? Дали прашавте како и зошто дете излезе од вашите врати и отиде да скокне од катна гаража?!? Сител ТВ Канал 5 Телевизија Kurir НАША ТВ Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme Град Скопје Sloboden Pecat, напиша тој.

Во меѓувреме, во јавноста на големо се дебатира на други слични случаи низ училиштта, но и за тоа дека не треба да се потценува состојбата на депресија кај децата.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ