петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивотТинејџер извлечен од урнатините во Газиантеп: „Ја пиев сопствената урина, тоа ме...
spot_img

Тинејџер извлечен од урнатините во Газиантеп: „Ја пиев сопствената урина, тоа ме спаси“

Тинејџер рано изутринава неповреден е извлечен од урнатините на зграда во турскиот град Газиантеп, четири дена по катастрофалниот земјотрес.

Пред зори во Газиантеп, во близина на епицентарот на земјотресот, спасувачите го извлекоа Аднан Мухамед Коркут од подрумот каде што беше заробен од понеделникот.

17-годишникот се насмевна на толпата пријатели и роднини кои го скандираа неговото име, ракоплескаа и плачеа додека го носеа и го ставаа на носилки.

„Фала му на Бога што ме спасија“, рече тој, гушкајќи ја мајка си и другите кои се наведнаа да го бакнат и прегрнат.

„Ви благодарам на сите“, рече тој. Тинејџерот рекол дека бил принуден да ја пие сопствената урина за да ја задоволи жедта. „Така успеав да преживеам“, рече тој.

„Имам син како тебе“, му рекол спасувачот, идентификуван само како Јасемин, откако го прегрнал.

„Ви се колнам, не спиев четири дена. Се колнам дека не спиев, се обидував да те извлечам“, додал спасувачот, пренесе Индекс.хр.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ