среда, април 24, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsТешка сообраќајка на регионалниот пат Штип - с.Кадрифаково: Се судрија две возила...
spot_img

Тешка сообраќајка на регионалниот пат Штип – с.Кадрифаково: Се судрија две возила – пет лица веднаш транспортирани во болница

На 18.05.2023 околу 15.10 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип-с.Кадрифаково, во близина на надвозник за с.К.Дол, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.В.(52), патничко возило „фиат“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Л.Х.(51), двајцата од с.Мустафино, светиниколско и патничко возило „опел“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од И.Д.(38) од с.Анзибегово, светиниколско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на „опел“,  И.Д., додека со телесни повреди се здобиле возачот на „фиат“, Л.Х., сопатниците од возилото „опел“, Б.С.(24) и Ф.Х.(26), двајцата од Свети Николе и сопатникот од возилото „фолксваген“, Д.П.(34) од Велес, констатирани во Клиничката болница Штип. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.  

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ