петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаТензиите во Битола не стивнуваат: Зголемено полициското обезбедување за отворањето на бугарскиот...
spot_img

Тензиите во Битола не стивнуваат: Зголемено полициското обезбедување за отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ (ВИДЕО)

Битолчани денеска во голем број се собраа во центарот на градот протестирајќи против отварањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов ВМРО“. На отворањето свое обраќање имаше и премиерот на Бугарија, Кирил Петков.

На протестот се истакнати неколку транспаренти против политиките на бугарската влада кон македонското малцинство и актуелните политички случувања во преговорите меѓу двете земји.

На Широк сокак забележително е присуство на голем број полициски екипи кои го обезбедуваат просторот и не дозволуваат лицата кои протестираат да се доближат до клубот.

Петков е прв бугарски премиер кој ќе престојува во Битола. Тој рече дека во Битола доаѓа да ѝ даде поддршка на бугарската заедница во Македонија.

Бугарија го блокира почетокот на преговори на Македонија со ЕУ со тврдење дека земјава ја краде бугарската историја и дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот. Двете земји преговараат за надминување на проблемите.

https://www.youtube.com/watch?v=75PfJzIoZKs&feature=emb_logo

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ