петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаТамара Тодевска во прегратките на Сашо Мијалков: Бизнисменот пред да оди во...
spot_img

Тамара Тодевска во прегратките на Сашо Мијалков: Бизнисменот пред да оди во затворот на Струга го прославил раѓањето на внуката!

Поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков го прослави раѓањето на внуката на забава во хотелот Мериот само неколку дена пред да почне со издржување на тригодишната затворска казна во затворот Струга, објави „Фокус“.

На социјалните мрежи се објавени фотографии од забавата. Мијалков е фотографиран со пејачката Тамара Тодевска која пеела на забавата.

Внуката на поранешниот шеф на УБК се роди на 15 август. На забавата присуствувале и поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска, ќерката на Трифун Костовски, Олга Костовска,кошаркарот Перо Антиќ и манекенката Катарина Иванова.

Неговиот постар син, Јордан Мијалков се ожени неодамна со Анастасија и набргу стана татко.

Мијалков требаше да оди во затвор на 8 август на издржување на казната за случајот „Империја“ откако се спогоди со обвинителството.

Но, издржувањето го одложи за на 22 август наводно поради болничко лекување, но вчера присуствувал на забавата.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ