вторник, април 16, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивотТажна вест: Почина Благојче Илиевски кој три години чекаше лек за цистична...
spot_img

Тажна вест: Почина Благојче Илиевски кој три години чекаше лек за цистична фиброза

Колку чини човечкиот живот?  –  45 годишниот Благојче Илиевски не го дочека лекот трикафта. Најтешко болниот пациент од цистична фиброза, почина денеска откако три години чекаше да го добие лекот кој власта ветуваше дека ќе го набави. По неколку години апели, чекања, лажни ветувања Илиевски ја загуби битката со болеста додека македоските власти бараа начин како директно да го набават лекот за да заштедат на трговска маржа. 

Со огромна тага, жалната вест ја потврдија од Асоцијацијата за цистична фиброза. Раскажуваат дека Благојче бил мотиваторот кој ги охрабрувал сите дека лекот ќе стигне на време и ќе добие шанса за нормален живот.  Тие се гневни на властите – нивниот револт, разочараност и огорченост е огромена, особено бидејќи од 2020 молат за лекот.

Се надевавме дека дека ќе го добиеме лекот побрзо за да не се случи ова. Едно нешто што можам да ви кажам, револтот е огромен и од пациенти и од родители. Благојче беше извонреден човек кој имаше многу верба, беше пример за другите, вели претседателот на асоцијацијата за цистична фиброза Фики Гаспар.
Безизлезната ситуација и одолговлекувањето на постапката за набавка на лекот Трикафта, ги натера болните од цистична фиброза и нивните семејства дури и на протести. Од пред министерството за здравство на властите им порачаа, да пробаат само 5 минути  да дишат низ тенко цефче за да почувствуваат како болните од цистична фиброза секојдневно живеат. Болните за лекот го молеа и претседателот Пендаровски  кој лично пред две години му вети на сега починатиот Илиевски дека ќе стори се за да го добијат лекот. Тогаш, сега покојниот Иливески, на средбата се појави со боца со кислород.

Од ветувањето останаа само фотографиите од средбата, пр-от и добриот маркетинг на Пендаровски.

Пренесено ни беше дека Претседателот ќе направи се што е во негова можност за да не дојде до резултатот до кој сме денес. се надевам дека ова е последната трагедија која ќе дозволат да се случи, додава Гаспар.
И додека болните ни умираат Министерот за здравство, Беким Сали, не знае дали ќе се чека нов министер за набавката на скапиот лек. Нема ниту временска рамка во која лекот би се набавил.

Јас се надевам дека набрзо во Собрание тоа ќе го издејствуваме преку пратениците за да може да се изменат овие членови и да можеме да преминеме кон фаза на директни преговори, а потоа да се обезбеди лекот. Со овие измени ја даваме можноста за преговарање за да добиеме подобра цена на лекот, а секако го кратиме и периодот на јавната набавка. Нема да имаме потреба за рокови, а тоа досега ни одземаше околу два месеци, рече Беким Сали Минстер за здравство.

Овој лек го нема само во Македонија и во Косово, додека на пациентите во Европа и во светот им е достапен и тоа на сметка на државата.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ