вторник, април 16, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаСудот во Стразбур денес ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на...
spot_img

Судот во Стразбур денес ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Доколку одлуката на Судот биде во полза на аболицираните – најголем дел од предметите на СЈО ќе паднат во вода, но не сите, бидејќи дел од обвиненијата не беа опфатени со одлуката за аболиција.

Дали кривичното гонење против поранешните функционери од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои екс премиерот во бегство Груевски, минстрите Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиески, поранешниот шеф на УБК Мијалков и екс градоначалници Владимир Талески и Едмонд Темелко било оправдано или процесите ќе запрат и повеќето предмети ќе се поништат, а обвинетите ќе се ослободат од одговорност, според поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права, Маргарита Цаца Николовска, ќе зависи од тоа што ќе стои во образложението на пресудата, дали е утврдена повреда во постапката и каде истата е лоцирана. А според досегашната пракса, како што вели, можно е да се утврди дека има повреда на одредени членови, а за други за нема.

Во пресрет на утрешната одлука, адвокатот Влатко Илиевски кој ги застапува обвинетите пред судот во Стразбур, вели оти очекува нивните правни аргументи да бидат прифатени. Дециден е дека одлука за помилуавње не може да се поништи. Доколку обвинетите и осудените бидат прогласени за жртви, државата ќе треба да им плати и обесштетување.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ