сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаССМ одлучи: 1 Мај ќе биде пречекан пред Владата и Собранието -...
spot_img

ССМ одлучи: 1 Мај ќе биде пречекан пред Владата и Собранието – Масовен синдикален протест за зголемување на платите!

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) го повика членството, работниците и граѓаните на масовен синдикален протест на Меѓународниот ден на трудот – Први мај, на кој ќе побараат заштита на економските и социјалните права на работниците.

„Главното барање е најмалку 2.806 денари нето-износ линеарно зголемување на сите плати во приватниот и во јавниот сектор од 1 мај 2022 година, вклучително од општиот работник до претседателот на државата. Потребни се похрабри, поинтензивни и побрзи реакции за надминување на проблемите, за зголемување на платите за 2.806 денари во нето износ на сите вработени во приватниот и јавниот сектор како и за креирање на нови визии и перспективи“, велат од ССМ.

Од ССМ посочуваат дека протестот ќе започне во 12.30 часот во Скопје, пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија во Скопје, а учесниците ќе се движат до Собранието, седиштето на Организацијата на работодавачи на Македонија и Стопанска комора на Македонија, а маршот ќе заврши пред Владата каде што ќе бидат упатени барањата на работниците.

„Ги повикуваме сите работници, братските синдикати (Конфедерации, Унии и Сојузи) кои ги препознаваат нашите вредности и заложби за зголемување на платите да се приклучат во борбата заедно со семејството на ССМ, и заедно како семејство на рамноправни членови, синдикати, работници и граѓани, кои не сакаат само да критикуваат туку сакаат директно да се вклучат и на 1-ви Мај 2022 година да излезат на голем синдикален протест на кој ќе кажеме гласно дека зголемувањето на платите на работниците мора да се случи веднаш“, стои во соопштението на ССМ.

Оттаму уште еднаш ја повикаа Владата на поголема продуктивност и решителност во делувањето за зголемување на платите на работниците.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ