среда, април 24, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsСредното медицинско училиште со активности по повод Светскиот ден на здравјето
spot_img

Средното медицинско училиште со активности по повод Светскиот ден на здравјето

По повод Светскиот ден на здравјето, свои активности имаа и учениците од средното медицинско училиште „Јане Сандански“ во Штип. Со мерење крвен притисок, шеќер во крвта и други активности, средношколците на штипјани им ја потенцираат важноста од тоа да се грижиме за нашето здравје.

„Денес е 7 април или Светски ден на здравјето и по тој повод сме овде, меѓу нашите сограѓани. Сакаме да ја подигнеме свеста за здравјето, бидејќи знаеме дека во изминатите години за важноста на нашето здравје научивме на потешкиот начин. Токму поради тоа сме овде да превенираме и јасно да кажеме дека е подобро да се спречи отколку да се лечи“, истакна Елеонора Скендерска, ученичка во СОУ „Јане Сандански“ – Штип.

Граѓаните во голема мера беа заинтересирани за денешната активност, а според учениците кои ја спроведуваа активноста, штипјани се свесни и добро се справуваат со болестите и моменталната ковид ситуација.

„Јасно ни е дека луѓето секогаш го избираат потешкиот пат за да научат нешто и жално е што тоа е така. Меѓутоа, и ковид кризата и останатите болести коишто не смеат да се запостават, како што се кардиоваскуларните и малигните заболувања, коишто и покрај короната сѐ уште постојат и сѐ уште се актуелни, придонесоа луѓето да научат колку е важно здравјето. Здравјето е секогаш првиот избор, на првото место и првиот избор на секој од нас. Инаку, според нашите анализи, граѓаните се доста свесни и доста загрижени. Во голем број се присутни на нашите штандови и може да кажеме дека добро се справуваат со ситуацијата во која сме засегнати сите“, додава Скендерска.

Учениците од ова медицинско училиште секоја година организираат настани посветени на здравјето и неговата важност по повод Светскиот ден на здравјето, кој се одбележува секоја година на 7 април и секоја година поветува внимание на специфична здравствена тема која ги загрижува луѓето ширум светот.

Ребека Спасова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ