четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаСпасовски убедува: Полицијата одлично си ја заврши работата и спречи инцидент од...
spot_img

Спасовски убедува: Полицијата одлично си ја заврши работата и спречи инцидент од големи размери

Да немало полиција немаше да има ниту уапсени ниту реакција на полицијата, рече првиот човек на МВР за негодувањата од јавноста кон полициската реакција за вчерашниот инцидент кај „Скендербег“.

Во нередите кај „Скендербег“, најмалку две лица извадија огнено оружје и стрелаа. За второто лице, облечено во црно, со капче и очила, кое исто така извади пиштол и пукаше, нема сознанија дали е приведено

Полициски службеници имаше доволно. Не рековме дека немало инцидент. Спречивме инцидент од поголеми размери. Да немало полиција немаше да има ниту уапсени ниту реакција на полицијата.

Тоа го одговори министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања за синоќешните инциденти кај плоштадот „Скендербег“, а за кој во јавноста имаше реакции дека полицијата не реагирала навремено.

„Погледнете ги видеата кои беа објавени од медиумите. Ќе ви покажам една слика, зарем ова не е интервенирање на лице место. Да, не треба да дојде до ова секако. За да не дојде до ова секој еден граѓанин мора да знае дека мирни протести мора да бидат. На никого не му е дозволено да вади огнено оружје и да загрозува безбедност“, рече Спасовски.

Во нередите кај „Скендербег“, најмалку две лица извадија огнено оружје и стрелаа. За еден од нив, според објавите на дел од политичките партии, се испостави дека е сопственик на хотел и брат на, веќе разрешениот, в.д. директор на Комунална хигиена, Зуди Енузи.

На снимките и фотографиите имаше и второ лице, облечено во црно, со капче и очила, кое исто така извади пиштол од којшто испука во воздух, додека трае кусата снимка од настанот.

Од МВР утрово излегоа со соопштение дека после инцидентот биле приведени пет лица. Притоа веднаш бил приведен Е.Ј.(40) од Скопје, осомничен за пукање од пиштол.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ