четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsСончево со мала локална облачност, температури до 29°C
spot_img

Сончево со мала локална облачност, температури до 29°C

Времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност.

Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 23 до 28 степени Целзиусови, додека УВ=8.

Во Скопје претежно сончево и топло. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 29°C.

Во петок времето ќе биде претежно сончево и уште потопло. За време на викендот во попладневните часови облачноста ќе се зголеми и на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи.

Особено нестабилно ќе биде в сабота кога процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на град.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ