петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаСончево и топло до 34°C
spot_img

Сончево и топло до 34°C

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималните температури ќе бидат во интервал од 7 до 16°C, а максималните ќе се движат од 27 до 34°C.

УВ индексот ќе изнесува 8, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 14, а максималните ќе достигнат до 32°C.

Во следните денови во земјава ќе преовладува многу топло време со позначителен пораст на температурите. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен северозападен ветер. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во средината на седмицата.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ