сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаСобранието го усвои Законот за минимална плата – Синдикатот прогласи победа
spot_img

Собранието го усвои Законот за минимална плата – Синдикатот прогласи победа

Со 90 гласа „за“, без ниту еден „воздржан“ или „против“, по тридневна жестока расправа,  Собранието денеска ги изгласа измените на Законот за минимална плата, со кои се  овозможува  нејзино покачување на 18 илјади денари.

Усогласувањето на минималнaта плата ќе биде: 50% од порастот на просечно исплатената нето плата во петходната година и 50% од порастот на индексот на трошоците на живот за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика. Висината на минималната плата нема да може да биде пониска од 57% од просечната плата , стои во новото законско решение.

Парите на сметката на работниците ќе треба да легнат веќе во април со мартовската плата, што беше причина  Синдикатот, кој во изминатиов период ги водеше преговорите за минимална плата, конечно да прогласи победа:

Од друга страна, работодавачите остануваат на ставот дека одлуката за покачување на минималната плата е избрзана и економски неиздржана:

Од страна на Државата е најавена помош за фирмите во вид на преземање на обврските за плаќање на разликата во придонесите, но само за платите од 18.000 денари . Предвидената финансиска помош од државниот буџет се однесува за периодот март-декември и истата ќе биде во износ од 1.197,00 денари. За оваа намена се планирани 939 милиони денари.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ