петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаСлавески: Платите ја губат трката со цените во Македонија 
spot_img

Славески: Платите ја губат трката со цените во Македонија 

Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за Анализа на ТВ 24.

Тој додаде дека најкритично е што сите предвидувања се дека инфлацијата ќе продолжи да биде повисока од таа на еврозоната и тогаш се доведува во прашање монетарната политика.

Јавниот долг надмина 60%, вкупниот надворешен долг на Македонија е на највисоко ниво на 80%,. Тоа што постојано го кажуваме дека вклучено е црвеното светло во задолжувањето. А тоа е поврзани со популизмот на власта, како што гледаме сега,  ако покачувате плати на само една категорија, да не се покачат другите категории. Последиците се такви што нема лесни решенија, далеку е отидена работата, истакна Славески.

Славески истакна дека сега поради погрешните политики на владата платите ја губат трката со цените иако владата се фали дека ги зголемила за 5,6%, но инфлацијата е 6,7% што значи реално платите опаѓаат и имаме намалување на куповната моќ, рече Славески.

Во однос на пензиите Славески истакна дека кога имаме расфрлање со пари на сите страни, најмалку треба да штедиме на пензионерите, а власта нема јасен предлог за пензиите и како што видовме досега на крај ќе добиеме некое популистичко решение.

Имавме долг период со нулта стапка на инфлација и тогаш немаше со што да се усогласува, единствено само со порастот на плати. А да потсетам токму владата на СДСМ го смени моделот и ги исклучи платите. Сега затоа што се смени состојбата има висока стапка на инфлација, рече Славески.

Тој истакна дека усогласувањето на пензионерите треба да им ја заштити куповната моќ и затоа пензиите мора да се усогласат спрема индексот на трошоци и порастот на платите.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ