сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаСкопје во улога на Дивиот Запад: Убиен братот на Камбер Идризи кој...
spot_img

Скопје во улога на Дивиот Запад: Убиен братот на Камбер Идризи кој беше смртно застрелан лани за Рамазан

Кога ќе заминете во Скопје, особено во Чаир, се чувствувате како да сте дошле во Дивиот Запад. Владее тотално безредие и целосен хаос, животот ви виси на конец, вака барем свведочат загрижените жители.

Во престрелка што вчера се случи во чајџилница на улицата „Браќа Реџепагиќ“ во скопската населба Чаир, убиен е Јонуз Идризи, а двајца се ранети. Во пукањето, кое се случило во близина на училиштето „Имри Елези“, повредени биле тројца, а еден од ранетите починал. Според првичните неофицијални информации братот на убиениот бил убиен за Рамазан минатата година. Станува збор за Камбер Идризи.

Вооружениот судир се случи лани на 12 мај во Бутел, каде на лице место беше убиен 43-годишниот Камбер Идризи, додека неговиот внук Ергин Исени, беше тешко повреден и почина во болница.

Повеќе од 80 куршуми беа испукани кон возилото во кое биле Идризи и Исени, а Камбер Идризи почина пред да стигне во болница. И Семејството на Ергин Исени го загуби својот втор син. Пред неколку години и другиот брат загинал во битките на далечната Сирија.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ