На 28.01.2022 во 06.20 часот било пријавено дека на мaгистралниот пат Охрид-Кичево, кај влезот за аеродромот во Охрид, патничко возило „голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(64) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.