четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаСветСЗО ја разгледува одлуката за прогласување крај на пандемијата 
spot_img

СЗО ја разгледува одлуката за прогласување крај на пандемијата 

Во Светската здравствена организација (СЗО) почнаа да ја разгледуваат одлуката за крај на пандемијата на коронавирусотp

Во поголемиот дел од светот се намали бројот на заразени, но во некои земји бројот расте. Меѓу нив е Кина, за првпат од почетокот на пандемијата во текот на еден ден се регистрирани повеќе од 1.000 заразени.

Пандемијата беше прогласена на 11 март 2020 година, а официјалното прогласување на нејзин крај не би било симболично, туку би значело целосно враќање на начинот на живот, актуелен пред пандемијата.

Процената во СЗО е дека засега не може да се прогласи крај. Но, во многу држави веќе се укинати скоро сите епидемиолошки мерки и покрај зголемениот број заразени. Експертите предупредуваат дека и понатаму умираат голем број луѓе заразени со вирусот и дека постои можност за појава на поопасни соеви, пишува Bloomberg.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ