вторник, април 16, 2024
spot_img
ПочетнаСценаСе огласи полицијата по шамарот на Оскарите: Дали Крис Рок ќе поднесе...
spot_img

Се огласи полицијата по шамарот на Оскарите: Дали Крис Рок ќе поднесе пријава против Вил Смит?

Полициската управа во Лос Анџелес потврди за „Вариети“ дека актерот и комичар Крис Рок „одбил да поднесе полициски пријава“ по расправијата со Вил Смит на 94-тото доделување на Оскарите.

Смит во текот на доделувањето на наградите на Американската академија излезе на сцената и му удри шлаканица на Рок откако комичарот се пошегува на сметка на сопругата на актерот, Џејда Пинкет Смит.

„Инспекторите од ЛАПД се свесни за инцидент помеѓу две лица во текот на програмата на доделувањето на Оскарите. Во инцидентот едно лице му удрило шлаканица на друго. Инволвираниот одби да поднесе пријава во полиција. Доколку инволвираната страна сака полициски извештај подоцна, ЛАПД ќе биде на располагање да го доврши извештајот од истрагата“, се вели во соопштението на Полициската управа во Лос Анџелес.

Да потсетиме, додека го претставуваше најдобриот документарен филм на Оскарите, Рок се пошегува на сметка на избричената глава на Џејд Пинкет Смит, споредувајќи ја со изгледот на Деми Мур во филмот „Џи Ај Џејн 2“.

Рок рече дека едвај чека да ја види Џејда, која има алопеција, како глуми во „Џи Ај Џејн 2“, што го натера Смит да излезе на сцената и да го удри Рок.

Смит се врати на своето место и извика:

„Држи го името на мојата сопруга од твојата е…а уста!“

Бидејќи емитувањето во Америка доцни за неколку секунди, Еј-Би-Си успеа да го исклучи звукот, па нивните гледачи не можеа да ги слушнат пцовките на Смит, но гледачите во остатокот од светот ги слушнаа.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ