среда, април 24, 2024
spot_img
ПочетнаСценаСе дозна колкав хонорар ќе добие Анастасија Ражнатовиќ за првиот настап
spot_img

Се дозна колкав хонорар ќе добие Анастасија Ражнатовиќ за првиот настап

Бројката не е мала, а пејачката, како што дознаваат српските медиуми е многу нервозна…

Анастасија Ражнатовиќ веќе со години плива во музичките води. Таа објави неколку синглови и најави албум, кој допрва треба да ја здогледа светлината на денот.

Младата пејачка конечно ќе го има својот прв настап, на 12 март во Париз. Од извори блиски до пејачката, „24седам“ дојде до информациите дека таа од овој настап ќе заработи дури 15.000 евра.

Како што дознава нивниот извор, Анастасија веќе долго добивала понуда да настапува во Србија. Меѓутоа, нејзината мајка Цеца, која има многу искуство на музичката сцена, тоа не го одобрувала, сметајќи „дека уште не е доволно зрела“.

И самата Анастасија многу пати истакна дека не сака да почне да настапува додека не го објави албумот, но сепак го промени мислењето.

Кога станува збор за настапот во Париз, таа долго преговарала со организаторите. Како на светските ѕвезди, на Анастасија ќе ѝ бидат исполнети бројни поволности, па така на располагање ќе има приватен возач, луксузен хотел и сите други ситници кои ќе ги посака.

Извор близок до пејачката за овој српски портал откри дека Анастасија е многу возбудена поради првиот настап, но и дека има трема како ќе помине.

Таа многу разговарала со нејзината мајка за се, а Цеца ѝ дала многу совети и ја поддржала во сѐ, исто како нејзините родители, а особено татко ѝ, ѝ биле ветар во грбот на почетокот на кариерата.

Можеби на многумина ќе им биде чудно тоа што Анастасија е толку платена, но реалност е дека нејзината популарност е голема.

Покрај тоа што има многу обожаватели, таа е и ќерка на една од најголемите балкански ѕвезди, па со самото тоа не е изненадувачки тоа што сметката на Анастасија по првиот настап ќе биде зголемена за 15.000 евра.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ