четврток, април 18, 2024
spot_img
ПочетнаПолитикаСело гори, баба се чешла: Зеленски бара легализација на истополовите бракови
spot_img

Село гори, баба се чешла: Зеленски бара легализација на истополовите бракови

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа побара од Владата да го анализира прашањето за легализација на истополовите бракови, но нагласи дека таква одлука не може да се донесе додека трае војната што ја започна Русија.

Киев ја зајакна поддршката за правата на ЛГБТК+ заедницата откако прозападните лидери дојдоа на власт во 2014 година. Парламентот во 2015 година донесе Закон за забрана на дискриминација на работното место, но не и за легализација на истополовите бракови.

„Побарав од премиерот (Денис) Шмихал да го реши прашањето покренато во електронската петиција и да ме информира за релевантните одлуки”, соопшти Зеленски како одговор на иницираната петиција.

Во современиот свет, рече Зеленски, земјата ги покажува своите демократски вредности со тоа што на сите им гарантира исти права. Сепак, тој истакна дека украинскиот Устав го дефинира бракот како заедница на маж и жена и нагласи дека тоа не може да се промени во воено време.

Според истражувањето спроведено минатата година 47 отсто од Украинците имаат негативно мислење за ЛГБТК+ заедницата.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ