петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаНекатегоризираноСекој кој во Штип ќе прави комунален неред 40 евра казна - "Мој...
spot_img

Секој кој во Штип ќе прави комунален неред 40 евра казна – “Мој општинар”

Во рамки на „Мој општинар“ комунални редари во општина Штип ќе евидентираат проблеми и ќе забележуваат комунален неред. Освен да го утврдат проблемот, ќе треба и да го решат со тоа што оние кои прават комунален неред ќе ги казнат 40 евра. Телефонските броеви на комуналните редари ќе бидат јавно достапни на веб – страницата и фејсбук – страницата на Општината, па градоначалникот Јорданов ги повика граѓаните да земат учество и да ги пријавуваат проблемите.

„Вработени во Локалната самоуправа ќе бидат распределени како одговорни по реони да ги евидентираат сите проблеми и потреби на граѓаните, да го евидентираат целиот комунален неред. Оваа прилика ја користам да ги повикам нашите сограѓани да се вклучат заеднички во овој проект, да бидат свои општинари, да го пријават секој проблем во својата населба, во своето маало. Да го пријават секој комунарен неред: оштетено улично осветлување, искршена клупа, проблем со водоснабдувањето и сите други проблеми со коишто се соочуваат, но исто така и свои идеи со коишто ќе го направиме Штип да биде заеднички и поубав“, истакна Јорданов.

Десет комунални редари ќе ги опфатат претежно урбаните заедници на територија на општина Штип, а потоа проблемите ќе ги пренесат на ЈП „Исар“ и Општината со цел тие соодветно да реагираат. Проектот почнува од денес и е во насока на подобро функционирање во однос на решавањето на проблемите во градот, имајќи предвид дека Јорданов додаде дека не е целосно задоволен како функционираат во моментов.

„Ќе бидат опфатени помалку реони, но доколку се потврди успешноста и продуктивноста во реализацијата на проблемот, ќе бидат опфатени сите реони и сите приградски населби на целата територија на општина Штип. Во овој момент на располагање се десет комунални редари коишто ќе оперираат на територија на општина Штип, којшто ќе се потрудат да ги опфатат најголем дел од урбаните заедници, но сигурно дека ќе се зголеми и бројот на луѓе доколку се прошират реоните за да ја контролираме целата територија. Сигурно дека проблемите со коишто ќе се соочуваме ќе бидат големи и нема веднаш да може да одговориме на сите. Но сметам дека ова е еден исчекор во решавање и во отклонување на комуналните потреби и проблеми со коишто се соочуваат нашите сограѓани“, истакна Јорданов.

Општина Штип е втора општина во која се имплементира проектот „Мој општинар“, веднаш по Кавадарци, која проектот го имплементираше пред пет години. Таму работата функционира во десет реони, кои имаат свој општинар излезен на терен, кој прима забелешки од граѓаните секој работен ден, а на крајот на работното време доставува извештај од тековниот ден со сите информации и забелешки. Еден општинар е задолжен и за селата и ги посетува по претходно утврден распоред.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ