петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЗдравјеСекој втор граѓанин тестиран во Штип е позитивен на ковид 19
spot_img

Секој втор граѓанин тестиран во Штип е позитивен на ковид 19

Бројот на хоспитализирани ковид пациенти во штипското Инфективно одделение речиси идентичен како и вчера. Според извештајот од болницата во последните 24 часа новопримени се осум пациенти, дома си заминале шестмина. Со ова бројот на хоспитализирани е 56 од кои 50 на Инфективното одделение и шест на Кожното, а седум лица се на дневна амбуланта. Од хоспитализираните 36 имаат потреба од кислородна поддршка и се приклучени на апарати за дишење, а вакцинирани се 15 лица. Во изминатото деноноќие починале две лица, но едно како последница од Ковисжд 19, на 59 годишна возраст д Свети Николе. Слободни се 11 ковид кревети, седум на Инфективното одделение и четири на Кожното, информираше порпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Од Институтот за јавно здравје Штип информираат дека бројките на новозаразни се 50% од сите тестирани пациенти. Во штипскиот пункт дневно се тестираат околу 40 граѓани, па според ова секој втор тестиран е позитивен на корона вирусот. Најголем дел од позитивните случаи се над 60 години, вели директорката на институтот Марија Димиторва.

Според информации од Министерството за зздравство заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.788.251 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 268.901, бројот на оздравени пациенти е 246.864, на починати е 8.409, а бројот на активни случаи изнесува 13.628.

извор:mnet.mk

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ