четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаСВР Штип на терен: Маж физички ја нападнал вереницата, а потоа ја...
spot_img

СВР Штип на терен: Маж физички ја нападнал вереницата, а потоа ја принудил на секс и го снимал чинот!

Дваесет и шестгодишен жител на Виница и приредил пекол на неговата 20-годишна невенчана сопруга во семејниот дом. Недоразбирањето што го имале, минало во физички напад, принуда на полов однос од кој направил и експлицитни снимки, соопшти СВР Штип. Случајот е пријавен во полиција која го лишила од слобода.

„На 16.05.2023, полициски службеници од Полициската станица Виница го лишиле од слобода Т.А. (26) од Виница, затоа што во семејниот дом во Виница, по претходно недоразбирање, физички ја нападнал неговата невенчана 20-годишна сопруга, ја принудил на полови дејствија, при што направил снимка со експлицитна содржина“, соопшти СВР Штип.

Со случајот е запознат и јавен обвинител и по целосно документирање против Т.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ