петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаСпортСаутемптон тргнува по потписот на Бојан Миовски?
spot_img

Саутемптон тргнува по потписот на Бојан Миовски?

Репрезентативецот на Македонија, Бојан Миовски игра одлична сезона во Шкотска и на 27 натпревари постигна 15 гола со кои е трет стрелец во првенството. Сега шкотскиот „Дејли Ехо“ најавува дека по потписот на на Миовски ќе тргне актуелниот премиерлигаш Саутемптон.

Скаутите на тимот кој во овој момент е последен во Премиер лигата последен пат го следеле Миовски на дербито против Селтик и биле задоволни од она што го прикажал македонскиот голгетер. Миовски човек на одлука беше и за викендот, со својот гол кој го постигна ја одлучи средбата против Ливингстон (1:0).

Интерес за Миовски претходно имаше и од Франција (Рен) и Италија (Лацио), но за очекување е одлуката за својата иднина да ја донесе по завршувањето на сезоната.

Саутемптон во овој момент е последен на табелата во Премиер лигата со 18 бодови и четири помалку од Лидс кој е прв тим над опасната зона, па до крајот на сезоната го чека борба за опстанок.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ