петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаСали: Се уште не сме подготвени за укинување на ковид-мерките
spot_img

Сали: Се уште не сме подготвени за укинување на ковид-мерките

Се уште не сме подготвени за целосно укинување на мерките кои се воведоа како резултат на пандемијата со Ковид-19. Првиот човекот на здравството во државата, министерот Беким Сали, денеска изјави дека ја следат состојбата и според тоа што го добиваат како резултат од нивните анализи сметаат дека уште не e време за целосно укинување на мерките или пак нивно намалување.

– Ние како Министерство за здравство и Институтот за јавно здравје, нормално и преку Комисијата за заразни болести постојано следиме што се случува со државите кои што ги прекинаа мерките. Таму имате нагло враќање, односно зголемување на бројот на новоинфицирани и според новата методологија која што се практикува во сите држави, а тоа е мерење на ризикот врз здравствениот систем, не за поединците, вели тој.

Според него еден од индикаторите е бројот на новозаразени, но важен индикатор е и бројот на пациенти кој што се хоспитализираат.

Според таа состојба, ние уште не сме спремни за намалување на мерките, рече министерот Сали, кој истакна дека дел од ковид центрите во државата се затворени и дека нема потреба од дополнителни кревети.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ