сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаПолитикаРусија го засилува воениот притисок врз Мариупол и Киев
spot_img

Русија го засилува воениот притисок врз Мариупол и Киев

Русија веројатно е пред освојување на стратешки важниот град Мариупол. Украина обвинува за прекршување на примирјето, министерот за одбрана Ресников призна тертиторијални загуби.

Руските трупи се веројатно блиску до освојување на стратешки важното украинско пристаниште Мариупол. Денеска беше најавена евакуација на цивилното население оттаму, откако украинската и руската војска договориле привремен молк на оружјето. Меѓутоа, градската управа подоцна ја обвини Русија за прекршување на прекинот на огнот и го запре евакуирањето. Москва од своја страна одговорноста за пукањето им ја префрли на Украинците.

Руското Министерство за одбрана најави утрово пауза во воените дејства и овозможување хуманитарен коридор за половина милионскиот град Мариупол и градот Волноваха. Двата града со денови се изложени на стрелба на руската армија. Мариупол се наоѓа во близина на фронтовската линија меѓу проруските сепаратисти од Источна Украина и украинската армија. Заземањето на градот би овозможило поврзување на руските трупи со единиците од Крим и Донбас.

Руската армија ги продолжува интензивните бомбашки напади и во околината на Киев, посебно во североисточниот и источниот дел. Новинари од германскиот јавен сервис АРД известуваат за бесцелни напади врз станбени области во градот Ирпин, близу Киев. И од предградија на Киев се дигаат темни облаци чад. Руската армија се обидува да го опколи главниот град, предупредува украинската армија.

Русите тврдат дека проруските сили на сепаратистите во Источна Украина ставиле шест места во регионот Доњецк под своја контрола, руските трупи кои напредуваат од југ зазеле уште десет села.

Украинци се враќаат во татковината за да се борат
Украинскиот министер за одбрана Олексиј Ресников призна територијални загуби, но истакнува –само мал дел од неговата земја е под руска контрола и украинските борци го потиснуваат непријателот.

„Големата армија го покажа своето вистинско лице, кукавичко, терористичко, спремна да напаѓа невооружени деца, жени и цивили“, изјави тој на сметка на руските трупи.

Киев досега јавува за најмалку 350 убиени цивили од почеткот на руската офанзива врз Украина, тврдејќи дека се убиени преку 9.000 руски војници, без да дава бројки за сопствените воени загуби.

Москва пак досега признава смрт на 500 свои војници, како и 2870 на украинска страна. Наводите немаат потврда од независна страна.

На викендов е можна трета рунда преговори меѓу Украина и Русија за генерално примирје, но изгледите за успех се мали.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ