четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаСветРодители на тинејџерки со тужба против Инстаграм: Социјалната мрежа ги направила депресивни...
spot_img

Родители на тинејџерки со тужба против Инстаграм: Социјалната мрежа ги направила депресивни и сакале да се самоубијат

Во САД се поднесени две тужби против Инстаграм поради поттикнување пореметување во исхраната, но и ментални проблеми како анксиозност, депресија кои водат кон обид за самоубиство.

Во тужбите поднесени против компанијата Мета која ги поседува Инстаграм и Фејсбук, се наведува дека таа треба да биде одговорна за „предизвикување и придонес кон растечката криза поврзана со менталното здравје кај децата и тинејџерите во САД“.

Во една од тужбите, Џенифер и Бенџамин од Кентаки наведуваат дека Инстаграм создал зависност и изложеност на неверојатно штетни содржини кај нивната 19-годишна ќерка, Александра Мартин.

„Како родител се чувствувате безнадежно. Се обидувате да ги поддржите и правите сè што можете за нив, но тешко е да се разбере“, изјавила Џенифер за ABC News.

Во тужбата се наведува дека Александра почнала да ја користи социјалната мрежа Инстаграм кога имала 12 години. Според тужбата, Александра преку Инстаграм видела содржини во врска со пореметување во исхраната и почнала да пројавува симптоми на анксиозност и депресија.

„Во 2016 година забележавме екстремно губење на тежината кај неа, а потоа ги составивме сите делови. Тоа беше директно поврзано со социјалните мрежи, потоно со Инстаграм“, изјавил таткото на девојчето.

На Александра подоцна ѝ била дијагностицирана анорексија и морала да биде хоспитализирана. Ова е наведено и во самата тужба каде се посочува дека девојката два пати се обидела да се самоубие поради што повторно била хоспитализирана.

„Употребата на социјалните мрежи од страна на Александра се совпадна со постојаниот, но сериозен пад на нејзиното ментално здравје. Таа беше зависна од Инстаграм и не можеше да престане да ја користи оваа социјална мрежа дури и кога таму содржините стануваа се поштетни. Алекс беше изложена на содржини кои компанијата Мета ги направи достапни, а кои се повеќе вклучуваа модели со нездрава исхрана, намалена телесна тежина и содржини поврзани со пореметување во исхраната“, се наведува во тужбата.

Втората тужба е поднесена од семејство кое исто така е од Кантаки.

Мајката на девојчето идентификувано како СН, наведува дека нејзината ќерка имала 12 години кога станала зависна од Инстаграм, а потоа се обидела да се самоубие.

Тинејџерката и нејзината мајка почнале да го користат Инстаграм за да бараат рецепти и заедно да готват, но на крај, девојката гледала само опасни содржини, осмислесни да се постигне негативен калориски внес.

„Мета знае дека нивните производи придонесуваат за депресија и анксиозност кај тинејџерите. Зошто не ги променат овие штетни карактеристики? Затоа што приоритетот на Мета е да постигне конкуренција, а привлекувањето и задржувањето на тинејџерите според компанијата, е клучно за опстанокот“, се наведува во оваа тужба.

Портпаролот на компанијата одби да ги коментира тужбите. Според него, постојат општи заштити за деца кои ги нуди Инстаграм, вклучувајќи верификација на староста, родителски надзор, како и ресурси во самата апликација кои нудат поддршка за менталното здравје.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ