четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsРекордна потрошувачка на вода во општините од истокот. Се троши како во...
spot_img

Рекордна потрошувачка на вода во општините од истокот. Се троши како во најжешките лета

Рекордна потрошувачка на вода е регистрирана во повеќето општини од Истокот. На ниски температури, вода се троши како во најжешките лета.
Карактеристичен пример е Штип, каде е регистрирана потрошувачка од 255 л/секунда, што е на работ на капацитетот на Филтер станицата:
Ништо подобра не е состојбата ниту во останатите општини од регионот, каде порошувачката е зголемена за околу 30 % во однос на вообичаената:
Големата потрошувачка на вода доаѓа во време кога нивото на подземни води е намалено поради ниските температури. Ова во опасност ги доведува високите зони од општните кои се соочуваат со намален притисок и прекини во водоснабдувањето.
Поради ова, по којзнае кој пат се апелира на рационалност во трошењето на водата:
Доколку потрошувачката на вода не се намали, дел од јавните претпријатија најавуваат и контроли на терен, за да се спречи растурањето и нерационалноста кога во прашање е водата.

Извор-Тв Стар

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ