среда, април 24, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинРаст на продажбата на возила на нови извори на енергија во Кина
spot_img

Раст на продажбата на возила на нови извори на енергија во Кина

Производството и продажбата на возила напојувани со нови извори на енергија во Кина драстично се зголеми во првите два месеца од оваа година и покрај пандемијата на коронавирусот, како и зголемените цени на суровините, се наведува во извештај на Кинеската академија за информации и комуникациски технологии.

Според извештајот, „во јануари и февруари се произведени околу 820.000 такви возила“, што е за 1,6 пати повеќе отколку истиот период лани. Истовремено, продажбата достигнала околу 765.000 единци, се вели во извештајот.

Се наведува и дека стапката на пазарниот удел на овие возила за истиот период е поголема за 17,9 отсто.

Новите возила произведени во Кина, исто така, се бараат и кај потрошувачите во странство, според наводите. Имено, извозот е во раст од 381,7 отсто на годишно ниво – на околу 105.000 возила.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ