сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаНекатегоризираноРама со поддршка до Албанците во Македонија: Уставни измени треба да има!
spot_img

Рама со поддршка до Албанците во Македонија: Уставни измени треба да има!

Премиерот на Албанија, Еди Рама, коментирајќи ги уставните измени што треба да ги направи Република Македонија, рече дека иако Албанија има поинаков модел, истакна дека познава многу малцинства, вклучително и бугарското.

„Уставните измени ми се чини дека само злобата, кусогледоста и божемниот патриотизам можат да ги претворат во причина за меѓусебна поделба и да создадат простор да се создадат проблеми во оваа држава, додека оваа држава е на патот кон ЕУ. Можам да ви кажам дека ние во Албанија имаме поинаков уставен модел, но во парламентот препознавме значителен број малцинства, вклучително и бугарското малцинство и не изгледа дека ни се заканува некое малцинство, напротив, сметаме малцинствата голема вредност“, рече Рама одговарајќи на новинарско прашање.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ