петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивотРаботи кои докажуваат дека Јапонија е држава од друга планета – проѕирни...
spot_img

Работи кои докажуваат дека Јапонија е држава од друга планета – проѕирни тоалети, златен сладолед, а погледнете како изгледа храната во болниците

Караоке, Покемони, златни сладоледи, се само некои од изумите кои Јапонија му ги подари на светот.

Меѓутоа, Јапонија има и многу други работи кои може да му ги понуди на остатокот од светот, кои можеби не ги видел.

Ве водиме низ визуелно патување со желба да го збогатиме вашето знаење за оваа уникатна земја и ви наведуваме причини зошто барем еднаш во животот би требало да ја посетите истата.

1. Храната во болниците изгледа подобро од храната во некои од хотелите.

2. Кока колата е проѕирна.

3. Сладолед со златна фолија.

4. Автоматите за храна ги има речиси на секој ќош. Во нив може да најдете цели оброци – од рибја чорба до десерти.

5. Во паркот тоалетите се проѕирни, а кога ќе се заклучите внатре стаклата се замаглуваат.

6. Чизкејк во бои на виножито.

7. Елените во паркот се поклонуваат во знак на благодарност кога ќе им дадете храна.

8. Доколку возот задоцни, кондуктерот на секој патник му се извинува за доцнењето и врачен ви е „сертификат“ за доцнење.

Во Јапонија точноста е многу важна. Возовите ретко доцнат, а доколку тоа се случи, ќе добиете сертификат за доцнење кој може да им го покажете на надредените доколку задоцните на вашето работно место.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ