петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаПропаѓањето на американски банки нема да влијае на македонскиот банкарски систем, смируваат...
spot_img

Пропаѓањето на американски банки нема да влијае на македонскиот банкарски систем, смируваат од НБРМ

Само 6,6 отсто од вкупните обврските на македонскиот банкарски систем се кон странство, а само 5 отсто од побарувањата се од странство, велат од НБРСМ, која внимателно ги следи случувањата по пропаѓањето на Банката на Силиконската Долина.

Пропаѓањето на американската Банка на Силиконската Долина (СВБ) нема никакви директни последици за нашиот банкарски систем, со оглед на малата изложеност кон нерезидентите, но и традиционалниот деловен модел заснован врз кредитирање на фирмите и граѓаните, соопшти Народна банка. Оттаму велат дека билансите на нашите банки се исклучително солидни, високо капитализирани и ликвидни и со историски најдобар квалитет на кредитното портфолио.

Нашите банки имаат многу мала изложеност кон странство, вклучително и кон американската економија и банки, односно само 6,6 отсто од вкупните обврските на банкарскиот систем се кон странство, а само 5 отсто од побарувањата се од странство.

Сепак, поради претпазливост во работењето, Народната банка внимателно ги следи сите случувања – Според процените на релевантните меѓународни институции, а пред сѐ регулаторите во САД, последните случувања во американскиот банкарски систем не би требало да имаат ефекти врз финансиската стабилност во САД, а оттаму не се очекуваат ниту позначителни глобални преносни ефекти.

Банкарскиот систем на САД е високо капитализиран, отпорен и работи на цврста основа, што во голема мера е резултат на реформите по глобалната финансиска криза, кои обезбедија подобри заштитни механизми за секторот. Во прилог на ова оди и брзата реакција и мерките на американските власти, со кои се минимизираат евентуалните системски ризици – децидни се од НБРМ.

Од Централната банка уверуваат дека билансите на нашите банки се исклучително солидни.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ