сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsПромовирано второто издание на весникот Мегафон во Штип
spot_img

Промовирано второто издание на весникот Мегафон во Штип

Во Штип денеска го промовиравме второто издание на весникот Мегафон, во кое претставивме нови идеи и вредности што ќе бидат основа за позитивните промени кои ќе ги донесеме во Македонија.

Општеството и државата можат најмногу да се менуваат кога идеите на младите луѓе се движечка сила на промените и напредокот што сакаме да го видиме и почувствуваме.

Во Македонија, младиот човек што сака да го искаже својот став и своето мислење често наидува на пречки и кочници од власта, недоволна застапеност на традиционалните медиуми, како и недостаток од иницијативи кои ќе ги промовираат младинските предлози и политики.

Како организација која се грижи сечиј глас да биде слушнат, и понатаму продолжуваме со промоција и реализација на нашиот нов проект ,,Мегафон”, списание кое промовира вредности, идеологија, патриотизам, идеи и идеали кои ќе бидат основа на идните промени во Македонија.

Унијата на млади сили континуирано работи во полза на секој млад човек, се залага и ги уважува идеите на младите, идеи кои подоцна прераснуваат во реализирани цели.
Весникот Мегафон е токму таа реализирана цел која произлезе од Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ.
– Изјави претседателот на Унијата на млади – Штип Иван Коцев

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ