Александар Митовски, сопственикот на „Infomax“ на својот Фејсбук профил објави дека во моментов се наоѓа во судница на рочиштето на “Таргет/Тврдина”.
Како што истакна тој, двајца сведоци призналде дека прислушкувањето го правеле газдите на ВИП/ОНЕ.
„Грци прислушкувале во Македонија, следеле акции на МВР и издадени судски наредби за ПИМ. Грци давале наредба и си ставале луѓе на слушање, па си принтале извештаи од прислушкуваните муабети. Лудило во судница…“, стои во објавата на Митовски.