четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsПотрсена сторија на Сања од Штип: Барам помош - Платив 15.000 евра,...
spot_img

Потрсена сторија на Сања од Штип: Барам помош – Платив 15.000 евра, ми го извадија коленото во „Жан Митрев“, а друго не успеаја да ми вградат

Јас сум Сања Велковска од Штип боледувам од реумативен артит, поради сериозноста на болеста се направени повеќе од десет операции на моите екстремитети со вградување на вештачки протези во клиниката Жан Митрев во Скопје.

Пред повеќе од две години ја повредив левата нога па мораше под итно да се замени протезата и од тогаш почнува мојата голгота драги мој, прво што направивме се обративме во клиниката Жан Митрев но поради високата цена и нашата финансиска ситуација не се оперирав.

Отидовме во државна болница каде за операција чекав повеке од една година могу ми ветуваа но од ветеното за жал ништо не се оствари а чекав повеќе од една година. Маката не натера пак да се обратиме во клиниката Жан Митрев каде ми побараа 15000 евра за да ме оперираат се согласивме обезбедивме пари ние си знаеме како и отидов на таа операција која за жал не беше успешна.

Ми го извадија коленото а друго не успеа да ми вградат при што јас останав повеке од една година врзана за креветот, борејки се за својот живот почнавме со мојата фамилија да лутаме од Државна болница па во болница 8 Септември па повторно во Жан Митрев, но веќе никој не сакаше да ме оперира едни се бранеа дека нема протеза другите дека немаа можност и услови за таква операција со еден збор ме оставија на милост и немилост да бидам искрена.

Не ми остана ништо друго освен да испратиме документи во бугарија за да видиме дали ке се нафати некој за да ме оперира таму , ни јавија дека ке дадат се од себе и ќе ме оперираат но за жал тоа мене и мојата фамилија ке не чини повторно од 15000 до 20000 евра а ние ги немаме тие пари .

Сограѓани мои ве молам покажете ја вашата солидарност за да можам да го продолжам овој тежок живот во кој сум врзана за кревет сакам и да почнам и јас нормално да живеам борец сум и ќе се борам додека има и најмала надеж за мене потребни сте ми ве молам од срце помогнете ми и на мене и на мојата фамилија да ја добиеме оваа животна битка.

Трансакциска сметка : 200000809868512
Стопанска Банка Ад Скопје (Сања Велковска)
Прочитајте и СПОДЕЛУВАЈТЕ …

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ