петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsПотресно сведоштво за мизеријата во Клинички центар – Штип: Морници ме лазат,...
spot_img

Потресно сведоштво за мизеријата во Клинички центар – Штип: Морници ме лазат, кошмари во сон ме газат – Барем да умреме како луѓе!

Штипскиот клиничкиот центар, каде здравствените услуги ги добиваат илјадници граѓани изгледа на импровизирана болница која не е близу до европските стандарди, патот кон кој веќе неколку децении мечтае нашата држава!

Пациентите се лечат во крајно нехумани услови, а состојбата во која се наоѓа болницата е шокантнa и неверојатнa за секој пациент.

Штипјанка со искрено и потресно сведоштво одлучи да проговори за лудо нехуманите и ужасно лошите услови за пациентите, но и за работата на медицинскиот персонал, потенцирајќи дека ваква мизерија не видела во ниту една друга болница во Македонија, регионот и светот.

„Мизеријата е очигледна, условите се згрозувачки, ваква болница не сум видела во мојот живот“, изјави таа.

Разочараната пациентка истакна дека властите треба да бидат крајно загрижени, имајќи предвид дека болницата нема ниту доволен кадар за секојдневно услужување на пациентите.

„Татко ми имаше мозочен удар и заврши во одделението за неврологија на оваа болница. Одделението за неврологија е очигледно последна станица за штипјани. Ова е суровата реалност, бидејќи не ретко се случува некој да си почине и во тмурните ходници затоа што во собите едноставно – нема место! Преполни се … Креветите, храната, хигиената и се друго се под секое ниво, непосредно пред да го видам, навистина ме извади од памет фактот дека веќе неколку часа чекал да ја прима терапијата од која му зависи живтот, објаснувањето беше дека нема доволно персонал и не може на сите веднаш да им се пружи помош“, рече таа.

Младите не случајно си заминуваат од оваа земја, кога и на чесно платените давачки и даноци кон државата, за возврат добиваат мизерија, понижување, деградирање и изживување.

„Не е тајна дека тешко живееме, дека се мачиме цел живот, но барем да умреме како луѓе“, заклучи незадоволната граѓанка.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ