петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаПодвижни „убијци” низ улиците на Штип, Скопје и цела Македонија!
spot_img

Подвижни „убијци” низ улиците на Штип, Скопје и цела Македонија!

Македонија е обвиена во црно! Граѓаните на Скопје и Штип во рамки на неколку месеци беа сведоци на жртви во сообраќајот, проблемот очигледен, решението не видливо!

Одговорноста која по секоја логика и припаѓа на институциите, сега за сега не е активирана во пракса со реално и суштинско решавање на проблемите во сообраќајниот метеж.

Паниката кај родителите, траумите кај дечињата по сообраќајната незгода која кулминираше со смртни последици пред „Сити мол“, засега не е аларм за надлежните!?

Проблемите во сообраќајот, револтот кај родителите чии деца немаат никаква безбедност, претставува најголема актуелна тема која се наметнува во македонската јавност. Се’ повеќе невини луѓе се жртви при удар од возила чија брзина била повеќе од дозволената, при пешачка зона, во близина на училишта и факултети.

Оваа животна мака и сторија на граѓаните е уште по тажна, затоа што и на ваквите протести кога човечкиот живот е во прашање, некој се обидува да наметне политика и политички интерес.

Денес пред Кривичен суд во Скопје беше организиран протест за пресудата што ја доби возачот кој за прегази младата Викторија, а чии повреди беа фатални по нејзиниот живот. Само за потсетување, секој што ќе се огради од ваков протест за подигање на свеста и апелирање за имплементирање на поголеми безбедносни мерки, треба да знае дека индиректно претставува соучесник, а не бранител на интересите на родителите.

Дали правдината ќе биде задоволена и дали сторителите ќе одговараат, претставува и понатаму најголемиот страв кај граѓаните, водејќи се низ бројните примери во кои доминацијата на пари и моќ ги лиши од слобода сторителите. И навистина, правилно е секој да го помисли ова, затоа што пред неколку дена “убиецот” на младата девојка е осуден на казна затвор од само три години!

Пред неколку дена и во Штип се случи сообраќајна незгода, беа прегазени две жени. Едната итно хоспитализирана во Клиничка болница.

За крај еден апел до институциите, делувајте сега, а не утре, црвено светло за политиката, зелено за правата и безбедноста на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ