петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаБалканПОГЛЕДНЕТЕ ГО АПСЕЊЕТО НА 14 ГОДИШНИОТ УЧЕНИК КОЈ ПУКАШЕ - шокантни сцени...
spot_img

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО АПСЕЊЕТО НА 14 ГОДИШНИОТ УЧЕНИК КОЈ ПУКАШЕ – шокантни сцени и паника пред основното училиште во Белград

Ученик од седмо одделение (14) е уапсен по пукањето во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар поради сомнение дека пукал во училиштето со пиштолот на неговиот татко, при што има мртви, а неколкумина се повредени, пренесе Нова.рс.

Пред основното училиште во Врачар во моментов има голем број полициски екипи, неколку амбулантни возила, но и многу загрижени родители.

Според Нова.рс, осомничениот ученик (14) по пукотниците побегнал од местото, но полицијата набрзо го уапсила.

Момчето го застрелало поранешниот учител со пиштолот на неговиот татко, го убил чуварот, а бројот на ранети се уште не е познат.

Шокантни се сцените пред училиштето, учениците се вознемирени поради се што се случи. Шокирани родители пристигнуваат и пред училиштето.

„Не знам каде ми е детето“, вика една жена.

МУП објави за пукањето во училиштето во Белград: Момчето пукало во учителката, го убило обезбедувањето, па побегнало.

Како што дознаваме од терен, на терен се голем број екипи на итната помош, како и министерката за здравство Даница Грујичиќ.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ