вторник, април 23, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsПовторно развиорено македонското знаме: Сашко Кедев го искачи вториот највисок врв на...
spot_img

Повторно развиорено македонското знаме: Сашко Кедев го искачи вториот највисок врв на планетата и испиша македонска историја!

Реномираниот македонски кардиохирург, Сашко Кедев, продолжи да го поцртува своето име и како еден од најуспешните планинари во историјата на нашата држава.

Кедев утрово го искачил врвот К2, во Пакистан, кој со своите 8.611 метри е втор највисок на планетава по Монт Еверест (8.848). Кедев бил единствениот Македонец во 24-члената експедиција на која ѝ успеа овој потфат.

Со тоа, Сашко Кедев стана првиот и единствен Македонец, кој има искачено четири врва од 14-те во светот кои се високи над 8.000 метри. Во април годинава го искачи Даулагири, седмиот највисок на светот (8.167), а минатата година Манаслу, висок 8.163 (осми во светот).

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ