четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsПовторно отворен ден за штипјани, според Јорданов – граѓаните ќе ја оценат...
spot_img

Повторно отворен ден за штипјани, според Јорданов – граѓаните ќе ја оценат успешноста

Продолжуваат отворените денови за граѓаните на општина Штип. Градоначалникот и надлежните служби општинската зграда секоја среда ја отвораат за проблемите на штипјани. Според Јорданов, пред надлежните се изложуваат неколку чести проблеми, со кои тие во рамки на своите можности се обидуваат да се справат.

„Како што најавивме, ние секоја среда имаме отворени денови заедно со нашите служби за граѓаните на општина Штип. Но тоа не значи дека во останатите денови не се среќаваме, секој ден имаме директни контакти со нашите сограѓани, на терен, во населбите, во просториите на Општина Штип. Но ова е официјално отворени денови за граѓаните заедно со најповикуваните служби. Она коешто најмногу ги засега нашите сограѓани се нивните проблеми со коишто се соочуваат, тоа се беспарица, невработеноста, потребата од работно место, потребата од решавање на некој проблем којшто бирократски заглавил во лавиринтите на институциите под локална самоуправа. Сето тоа коешто нив ги засега, ние се обидуваме да го решаваме. Јас се надевам дека во рамки на нашите можности успеваме да ги удоволиме барањата на нашите сограѓани. Сепак, со оглед на тоа што имаме ограничени ресурси, не можеме да излеземе во пресрет на сите потреби“, вели Јорданов.

Како што додава Јорданов, штипјани секојдневно доаѓаат за одредени потреби, но дали ваквите денови се корисни и каков е резултатот од истите најдобро ќе оценат самите граѓани. Штипјанка која за првпат доаѓа на отворен ден, а која зборуваше пред објективот на нашата камера, рече дека се надева оти проблемите ќе се решат.

„Јас првпат доаѓам и мислам дека ќе има резултат. Досега што гледам и што слушам има резултат. Мислам дека граѓаните имаат потреба од такви денови, мислам дека со задоволство го примаат тоа. Проблемите брзо се и решаваат, кај нас на улицата проблемот беше решен за еден ден“, вели штипјанка.

Вчеравечер се одржа четвртиот по ред отворен ден за граѓаните во Општина Штип. Ова почна да се спроведува од 9 февруари, кога и беше првиот отворен ден и на кој граѓаните покажаа голема заинтересираност. Вратите на Општината остануваат отворени секоја среда во 18:00 часот.

Ребека Спасова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ