среда, април 24, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsПовторно гори кочанско поле, запалените стрништа – проблем и за сообраќајот
spot_img

Повторно гори кочанско поле, запалените стрништа – проблем и за сообраќајот

Палењето стрништа – проблем и за возачите. Гледачи на М-Нет Телевизија ни испратија видео – снимки од запалено стрниште на патот Штип – Кочани. На истите густиот чад од запаленото стрниште претставува пречка и за нормално одвивање на сообраќајот, односно намалена видливост. На местото реагирале и од ТППЕ Кочани, бидејќи како што истакна командирот Благој Паунов, токму овде почнува и нивната надлежност.

„Ние не реагираме на гаснење на стрништата, но нашата реакција почнува токму кога запалените стрништа претставуваат пречка или опасност за објект или одвивање на сообраќајот. Ние интервенираме кога има димна завеса. Не реагираме во полето, туку во нашата работа е приоритет да спречиме да се случи сообраќајна несреќа или пламенот да зафати некој објект. Секојдневно излегуваме на терен, па и вчера реагиравме.“ – истакна Паунов.

Инаку, кочанско поле периодов често е во пламен, чади од сите страни, а пожарникарите и доброволци имаат полни раце работа. Во изминатава недела само за три дена имале дваесетина интервенции, а за два дена изгореле над 30 хектари. Последните посериозни интервенции беа минатата недела кога огнот се беше доближил и на неколку метри од оранжериите во Подлог и на приватна фирма во село Прибачево, во опасност беше и пречистителната станица за отпадни води кај Мојанци, која произведува метан.

Апелите на еко – активистите да не се пали никој не ги слушам, агрономите со свои методи наместо штетното палење. Оризопроизводителите, пак, со став дека палењето на стрништата постои од турско време и дека доколку истите не се палат, оризот нема да успее.

Ребека Спасова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ