петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаПовеќе ништо нема да биде исто: Кире Лазаров денеска ќе го одигра...
spot_img

Повеќе ништо нема да биде исто: Кире Лазаров денеска ќе го одигра последниот меч за Македонија!

Македонија вечерва го игра реваншот од бараж двомечот со Чешка за пласман на СП 2023, дуел што ќе остане запамеетен како последен во репрезентативните кариери на Кире Лазаров и на Филип Миркуловски.

Кире Лазаров веќе една година паралелно ги извршува селекторската и играчката улога, но вечерва за последен пат ќе го облече црвено-жолтиот дрес на Македонија, со надеж дека ќе ја одведе националната селекција на уште едно големо натпреварување.

„Јавна тајна“ е дека на почетоците на кариерата Лазаров добиваше „непристојни понуди“ да се откаже од Македонија и да заигра за Унгарија и за Хрватска, но Кире секогаш остана верен на татковината.

Првиот официјален меч на кој Кире Лазаров настапи за македонската репрезентација е дуелот со Белгија од 23 септември 1998 година, кога „црвено-жолтите“ славеа со убедливи 29-15 и се пласираа на СП во Египет. Нецели 24 години подоцна, тој вечерва за пследен пат ќе ја предводи Македонија на теренот… а сигурно ќе продолжи уште долго како селектор.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ